24.11.2010г. СРД ја зацврстува соработката со словенечките партнери

image_pdfimage_print

24.11.2010, СКОПЈЕ– Унапредувањето на дигитализацијата на медиумите, информирање за активностите за изработка на нов Закон за аудио-визуелните медиумски сервиси, заштитата на авторските права и соработката меѓу Македонија и Словенија во областа на медиумите беа во фокусот на разговорите меѓу претседателот на Советот за радиодифузија (СРД), Зоран Стефаноски и словенечкиот амбасадор, Алан Бергант.

И двете страни посочија дека досегашната соработка меѓу двете земји во областа на медиумската регулација е на високо ниво, но се’ уште има простор за унапредување и продлабочување  во сферата на електронските медиуми.

СРД со словенечкото тело за медиуска регулација, Агенцијата за пошти и електронски комуникации се вклучени во заеднички регионален проект за дигитализација на медиумите во рамките на европските ИПА-фондови, компонента 2.



Accessibility

Accessibility