28.01.2011г. Телевизиите А1 и А2 редовно емитуваат програма согласно со законот

СКОПЈЕ, 28.01.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) ја следи програмата на сите радиодифузери, вклучително и на телевизиите А1 и А2, при што констатира дека засега овие два медиума редовно емитуваат програма согласно со Законот за радиодифузија и со условите од добиената дозвола за вршење радиодифузна дејност.

Членовите на СРД изрзуваат загриженост поради одлуката новинарите на А1 и А2 да ги напуштат студијата и да работат надвор, во тешки работни услови. СРД очекува институциите на системот на медиумите да им обезбедат соодветни услови за работење согласно со законите.

Во рамките на својата соработка со сите надлежни органи, СРД очекува подробни информации околу работењето на А1 и А2.



Accessibility

Accessibility