СКОПЈЕ, 4 јуни, 2011 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница изрече мерки против радиодифузерите, коишто ги прекршиле законските одредби во покривањето на пред-изборните активности. СРД ќе поведе прекршочни пријави против:
– ТВ Наша, поради издвоени повеќе од 10 минути за платено политичко рекламирање на реален час за еден организатор на изборна кампања;
– ТВ Канал 5, (проширување на прекршочната пријава) поради издвоени повеќе од 10 минути за платено политичко рекламирање на реален час за еден организатор на изборна кампања;
– ТВ Шутел, поради објавување платена политичка програма во посебни информативни емисии;
– ТВ Алб, поради издвоени повеќе од 10 минути за платено политичко рекламирање на реален час за еден организатор на изборна кампања;
– ТВ Сонце, поради неозначено платено политичко рекламирање;
Мониторингот на СРД забележа прекршувања на предизборниот молк кај следните радиодифузери против кои ќе поднесе прекршочни пријави: МТВ1 и ТВ А1.
Исто така, СРД одлучи да им испрати укажувања на радиодифузерите: ТВ А1, ТВ БТР, ТВ Амазон и ТВ Сонце поради други помали пропусти.
Членовите на СРД уште еднаш ги повикуваат радиодифузерите доследно да се придржуваат до законските одредби и да не го прекршуваат предизборниот молк.