СКОПЈЕ, 16.06.2011 – На 12-та јавна седница, Советот за радиодифузија додели три нови дозволи за вршење радиодифузна дејност.
Доделени се две дозволи за емитување и пренос на радио програмски сервис на локално ниво, на Зоран Илиевски од Кавадарци и на Афердите Кадриу од Охрид, а третата дозвола е за емитување и пренос на телевизиски програмски сервиси на локално ниво преку кабел, доделена на лицето Фатмир Лимани од Кичево.