СКОПЈЕ, 23.08.2011 – Телевизијата Б92 од Белград, Р. Србија достави известување до СРД дека ги повлекува дадените согласности за реемитување на телевизискиот програмски сервис Б92 преку јавните комуникациски мрежи на Република Македонија,
заради неможноста да обезбеди почитување на лиценцните права на програмите на друг начин, кои што ова радиодифузно претпријатие ги има само на територијата на Република Србија.
Затоа, Советот за радиодифузија им наложи на операторите на јавни комуникациски мрежи (кабелски оператори, DVB-T, IPTV) да го исклучат телевизискиот сервис на Б92 од своите регистрирани пакети на програмски сервиси, односно повеќе да не го реемитуваат.
Непочитувањето на налогот даден од СРД повлекува прекршочна, кривична и граѓанска одговорност, согласно ЗРД и Законот за авторското право и сродните права.