02.03.2012г. Претставници од СРД реферираа за медиумската регулација во текот на 2011 за време на редовниот поткомитет меѓу РМ и ЕК во Брисел

image_pdfimage_print
СКОПЈЕ, 2 март 2012 – Деталната Анализа на пазарот на радиодифузната дејност за 2010 година, што ја изработи СРД, беше презентирана за време (од 27 до 28 февруари) на редовниот заеднички Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика меѓу Р. Македонија и Европската комисија на кој од страната на СРД присуствуваа заменик претседателот на Советот, м-р Милаим Фетаи и членот на СРД – м-р Зоран Трајчевски.

За време на заедничкиот состанок беа презентирани и напорите на СРД за заштита на медиумскиот плурализам во земјата преку успешно решавање на сите од вкупно петте случаи на медиумска концентрација. Нагласени беа и заложбите на СРД за доследно и ефективно спроведување на Законот за радиодифузната дејност во делот на сопственичката структура на медиумите.
Европската комисија истакна дека е забележан значителен пад во однос на кампањите од јавен интерес, што ги финансира Владата или државните институции. Така на пример, според последните истражувања на СРД, Владата во листата најголеми огласувачи е на 18 место, за разлика од пред три години, кога беше меѓу првите пет.

Претставниците од СРД на партнерите од ЕК им презентираа и податоци од направените две полугодишни анализи на најчестите прекршувања на радиодифузерите и преземените мерки од страна на СРД за 2011 година.
Презентацијата на СРД за постигнувањата во 2011 година е достапна на следниот линк.



Accessibility

Accessibility