
За време на заедничкиот состанок беа презентирани и напорите на СРД за заштита на медиумскиот плурализам во земјата преку успешно решавање на сите од вкупно петте случаи на медиумска концентрација. Нагласени беа и заложбите на СРД за доследно и ефективно спроведување на Законот за радиодифузната дејност во делот на сопственичката структура на медиумите.
Европската комисија истакна дека е забележан значителен пад во однос на кампањите од јавен интерес, што ги финансира Владата или државните институции. Така на пример, според последните истражувања на СРД, Владата во листата најголеми огласувачи е на 18 место, за разлика од пред три години, кога беше меѓу првите пет.
Претставниците од СРД на партнерите од ЕК им презентираа и податоци од направените две полугодишни анализи на најчестите прекршувања на радиодифузерите и преземените мерки од страна на СРД за 2011 година.
Презентацијата на СРД за постигнувањата во 2011 година е достапна на следниот линк.