1

06.04.2012г. ТВ Сител ги има ексклузивните права за емитување на натпреварите на ракометните квалификациски турнири за Олимписките игри 2012

СКОПЈЕ 06.04.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на сите оператори на јавна комуникациска мрежа (кабелски, IPTV, DVB-T), коишто реемитуваат странски програмски сервиси во Р. Македонија, а на кои ќе се врши пренос на ракометните квалификациски турнири за пласман на Олимписките игри во Лондон, им наложи да вршат затемнување на екраните, во периодот кога ќе се реемитуваат овие турнири.

СРД ги извести и радиодифузерите за законската можност за кратко известување согласно член 160 став 2 од Законот за радиодифузната дејност во времетраење од 90 секунди, наменето за информативните програми.

ТВ Сител ги има откупено ексклузивните телевизиски права за емитување на натпреварите од ракометните квалификациски турнири за пласман на ОИ во Лондон 2012 година, кои ќе се одржат од 6 до 8 април, во Шведска, Шпанија и Хрватска.