21.05.2012г. Претседателот на СРД со свое излагање на конференцијата „Слобода и приватност на Интернет“

СКОПЈЕ, 21 мај 2012 – Заштитата на приватноста во медиумите беше темата на излагањето на претседателот на Советот за радиодифузија, м-р Зоран Трајчевски, за време на конференцијата „Слобода и приватност на Интернет“.

Напредокот на информатичката технологија, посебно Интернетот, кој обезбедува и  платформа за медиуми, од една страна создаде големи предности, но од друга страна, неговото погрешно користење или злоупотреба, има негативни последици и го зголемува проблемот на заштита на личните податоци. Во таа насока и СРД склучи договор со Дирекцијата за заштита на личните податоци со што овие две институции координирано настапуваат во случаите кога има злоупотреба на личните податоци во медиумите.

Претседателот на СРД, м-р Зоран Трајчевски, ги објасни главните причини за повреда на одредбите за заштита на личните податоци и приватноста: „Недоволно познавање на категориите лични податоци и приватност од страна на медиумските работници како и одребите за нив содржани во кодексот на новинари на Македонија, недоволно познавање на начините на заштита на личните податоци и приватноста, особено кога се во прашање малолетни лица и лица против кои се води судска или управна постапка, недостиг на континуирана обука на медиумските работници од сите видови медиуми со различна работна позиција во нив и сензационалистичка ориентација на одделни медиуми“.

Претседателот Трајчевски препорача подобрувања на медиумската правна рамка како и подобрување на саморегулацискиот механизам кај новинарите со цел поефективна заштита на личните податоци и приватноста на граѓаните. Исто така и конктинуираната едукација на граѓаните би можела значително да придонесе кон подигнување на нивната свесност за можноста од злоупотреба на нивните лични податоци.

Презентацијата на м-р Зоран Трајчевски е достапна овде.



Accessibility

Accessibility