13.06.2012г. СРД ја одзеде дозволата на Телевизија А2 поради неисполнување на форматот

СКОПЈЕ, 13.06.2012 – Советот за радиодиуфузија на денешната седница констатираше, дека и покрај дадените неколку рокови да го усогласи работењето со Законот за радиодифузната дејност и условите од дозволата, сателитското трговско радиодифузно друштво А2 Телевизија  до денеска не ја прилагоди програмата согласно добиената дозвола, по што согласно член 63 од законот, СРД ја одзеде дозволата на ТРД Телевизија А2.

Последниот мониторинг на програмскиот сервис на ТРД Телевизија А2 покажа дека овој радиодифузер сериозно отстапува од претежно забавниот општ формат, што му е доделен. Наместо најмногу 65% програми што исполнуваат забавна функција, емитува 75,68%, а повеќе од две третини се репризни изданија.

Редовните мониторинзи на програмите на радиодифузерите што ги врши СРД покажаа сериозни остапувања во форматот на Телевизија А2. Во периодот од февруари оваа година, СРД во неколку наврати сериозно и’ укажуваше на Телевизија А2 да се прилагоди кон условите од дозволата и кон Законот за радиодифузната дејност. За оваа цел членовите на СРД и лично го информираа управителот на Телевизија А2, како и стечајниот управник.



Accessibility

Accessibility