09.07.2012г. СРД иницираше постапка за одземање на дозволата на ТВ Шутел

СКОПЈЕ, 09.07.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница започна постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТВ Шутел.

Мониторингот на СРД, извршен во периодот 25 јуни – 1 јули утврди драстични отстапувања на програмскиот формат на ТВ Шутел, од оној што е утврден во дозволата за вршење радиодифузна дејност – „телевизиски програмски сервис од општ формат во кој застапените видови програми ги остваруваат сите три медиумски функции“. Целта на овој мониторинг беше да се утврди дали оваа телевизија прави напори за усогласување на програмата со програмските услови од дозволата, по двете претходни укажувања од страна на СРД. Последниот мониторинг покажа, дека ТВ Шутел не ги зела предвид забелешките од претходните мониторинзи за намалување на забавните содржини и утврди нивно зголемување на над 91 насто од вкупната програма за сметка на информативните содржини (4,85%) и образовните содржини (3,74%).

Голем дел од емитуваните емисии, кои се во продукција на ТВ Шутел, без разлика дали исполнуваат информативна, забавна или образовна функција, премиерно се емитувани пред 2012 година, а сега само се репризираат.



Accessibility

Accessibility