28.12.2012г. Презентација на модул за мониторинг и стручен надзор над операторите на јавни комуникациски мрежи

image_pdfimage_print

Советот за радиодифузија и Агенцијата за електронски комуникации, во текот на утрешниот ден (28 декември 2012 година), организираат презентација на дополнителниот модул на Софтверот за електронски регистар на јавни телекомуникациски мрежи.

Електронскиот регистар содржи податоци за подземните и надземните телекомуникациски водови и инфраструктура, од сите оператори, со што се овозможува заштита од нивни оштетувања при градежни работи, полесен пристап до информации и објавување на податоци за слободни капацитети.

Со оглед на тоа што софтверот овозможува комуникација со останатите јавни институции, а во рамките на долгогодишната соработка меѓу Советот за радиодифузија и Агенцијата за електронски комуникации, за  потребите на Советот креиран е дополнителен модул за мониторинг и стручен надзор над операторите на јавни комуникациски мрежи.

 

Настанот ќе се одржи во хотелот „Холидеј ин“, со почеток во 11:00 часот.



Accessibility

Accessibility