28.02.2013г. Работилници со радиодифузерите за правилата за медиумско покривање на изборната кампања

Во Советот за радиодифузија денеска (28 февруари 2013г.) се одржа работилница посветена на медиумското известување во периодот на изборната кампања за Локалните избори 2013. На неа, заедно со претставниците на радиодифузерите на национално и на регионално беше разгледан Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања, како и методологијата за мониторингот на Советот за радиодифузија.

Денешниот состанок е последен од серијата регионални средби кои во текот на изминатиот месец беа организирани во Куманово, Штип, Струмица, Кавадарци, Тетово, Кичево, Битола и Охрид, а на кои беа поканети претставници од локалните медиуми што гравитираат во регионите на овие градови.

Клучните теми за кои се дискутираше на сите работилници се: начинот на постигнување баланс во известувањето за кампањата во вестите, правилата за интервјуата, дебатите и другите посебни информативни програми, платеното политичко рекламирање, бесплатното претставување и правилата за изборниот молк.

Презентација за правила за медиумско претставување во изборната кампања (преземи .ppt презентација).



Accessibility

Accessibility