1

15.05.2013г. Лори Вокер, претставник од НАТО во посета на Советот за радиодифузија

Скопје,15.05.2013г.  Надлежниот претставник од службите на НАТО за досието на Република Македонија, г-динот Лори Вокер, денеска беше во работна посета на Советот за радиодифузија.

Посетата е во насока на проценка на статусот на имплементација на Акциониот план за членство во рамки на 14-от циклус, како и степенот на реализација на целите и активностите презентирани во Годишната национална програма за членство на Република Македонија во НАТО за 2012-2013г.

На состанокот се разговараше за повеќе прашања:  медиумското покривање на изборната кампања за време на Локалните избори 2013, почитувањето на Изборниот законик, Правилникот за  однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања, Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања, мерките кои Советот за радиодифузија им ги изрече на медиумите, потоа за подготовката на новиот Закон за медиуми и учеството на Советот за радиодифузија во овој процес, третирањето на појавата на говор на омраза во медиумите и почитувањето на професионалните принципи и етички стандарди од страна на медиумите.