29.05.2013г. Врачени изменетите дозволи за радиодифузна дејност

image_pdfimage_print

Скопје, 29 мај 2013г. Советот за радиодифузија денес ги врачи изменетите дозволи за вршење на радиодифузна дејност. Од 1 јуни 2013 година,  преку операторот на мултиплекс „Оне“, програма ќе емитуваат 5 национални ТВ станици  и 26 регионални, а преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа програма ќе емитуваат 30 ТВ станици, од кои 27 локални и 3 регионални.

Македонија успеа навреме да ги спроведе сите потребни подготовки за да се дигитализира во определениот рок и како што рече министерот Иво Ивановски Република Македонија е првата земја во регионот која го воведува дигиталниот сигнал во етерот.

Советот за радиодифузија спроведе бројни активности за успешен премин кон дигитализација и за информирање на граѓаните „Дигитализацијата нема да значи само технолошки напредок туку граѓаните на Македонија, освен подобра слика и поквалитетен звук ќе добијат и нови, поразновидни содржини“ – изјави претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Трајчевски.



Accessibility

Accessibility