Спроведена обука на инспектори на МВР во врска со заштитата на авторските и сродните права

image_pdfimage_print

 

На 11 и 12 ноември 2013 година, Советот за радиодифузија спроведе обука на инспектори на Министерството за внатрешни работи од Скопје и од внатрешноста на Република Македонија, кои учествуваат во активностите на Координативното тело за интелектуална сопственост, формирано од Владата на Република Македонија.

Темата на обуката,  проследена со  меѓусебна  размена на искуства и мислeња, беа техничките и правните прашања сврзани со надзорот над работата на операторите на јавни комуникациски мрежи и нивната прекршочна и кривична одговорност за повреда на авторското право и сродните права.

Претседателот на Советот д-р Зоран Трајчевски и заменикот на директорот на Државниот завод за индустриска сопственост м-р Мите Костов ги потенцираа досегашните бројни и успешни активности на Советот и Министерството за внатрешни работи, како членови на Координативното тело, во превенцијата и санкционирањето на прекршувањата на авторското право и сродните права во радиодифузната област



Accessibility

Accessibility