03.02.2014г. Радиодифузерите да достават ценовници за платено политичко рекламирање најдоцна до 6 февруари 2014г.

image_pdfimage_print

Скопје, 03.02.2014г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите на обврската за утврдување и доставување ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес. Имено, согласно одредбите од член 75-ѓ од Изборниот законик,

радиодифузерите се должни во рок од 5 (пет) дена од распишување на изборите да ги утврдат ценовниците за платено политичко рекламирање и во истиот рок, заклучно со четврток 6 февруари 2014 година да ги достават до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување корупција.

Исто така, радиодифузерите во периодот од утврдувањето на ценовниците до започнувањето на изборната кампања, се должни најмалку два пати, ценовниците јавно да ги објават на своите програми. Ценовниците не смеат да се менуваат во текот на изборната кампања.

Доколку радиодифузерите одлучат да не емитуваат платено политичко рекламирање, за оваа своја одлука треба да ја известат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility