04.02.2014г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува медиумите да известуваат професионално

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 04.02.2014г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува медиумите дека при информирањето за општествените теми и настани, а особено за време на чувствителни периоди како што се  изборните кампањи, треба да водат сметка за почитување на професионалните новинарски стандарди и принципи и начелата утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во основните начела, меѓу останатото, налага радиодифузерите во своите програми да обезбедат објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување на слободно оформување на мисле­­њето на публиката за одделни настани и прашања и да го поттикнуваат духот на толеранцијата, заемното почитување и разбирање меѓу индивидуите од различно етничко и културно потекло.



Accessibility

Accessibility