Скопје, 5 декември 2014г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го започна процесот за замена на постојните дозволи објавувајќи ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАМЕНА НА ПОСТОЈНИТЕ ДОЗВОЛИ ЗА ВРШЕЊЕ РАДИОДИФУЗНА ДЕЈНОСТ СО НОВИ ДОЗВОЛИ ЗА ТЕЛЕВИЗИСКО ИЛИ РАДИО ЕМИТУВАЊЕ.
Рокот за поднесување на пријавите е до 15 декември 2014 година, во архивата или на поштенската адреса на Агенцијата.
Заради правилно пополнување на Пријавите и комплетирање на придружната документација, Агенцијата ќе одржи јавен состанок на ден 10.12.2014 година, со почеток во 10:30 часот, во просториите на Агенцијата за електронски комуникации.
Пријавата со придружната документација, радиодифузерите ќе можат да ја испратат за проверка на: dozvola@avmu.mk, најдоцна до 12.12.2014 година.
Дополнителни информации во врска со процесот на замена на дозволите, радиодифузерите ќе можат да добијат од следниве лица:
– за програмскиот концепт: м-р Емилија Петреска – Камењарова, тел: 02/3103 428; м-р Виктор Шиков, тел. 02/3103 427; Рубин Талески, тел.02/3103 – 426
– за сопственичката структура и кадровски услови: м-р Магдалена Давидовска – Довлева, тел. 02/3103 431; 070/071 326 364
– за техничките и просторните услови: м-р Арбен Саити, тел. 02/3103 417; Арѓенд Џелили, тел. 02/3103 407;
– за финансиските услови: Горан Радуновиќ 02/3103 433; Весна Симоновска 02/3103 437
– за општи податоци и правни прашања: Цветанка Митревска, тел. 02/3103 415; м-р Ивона Муфишева – Алексовска, тел. 02:3103 413