Скопје, 10.12.2014г. – Денес, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврските утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржa својот четврти јавен состанок.
Целта беше на радиодифузерите и останатите заинтересирани субјекти да им се објасни процесот на замена на постојните дозволи за вршење радиодифузна дејност со нови дозволи за телевизиско или радио емитување.
На состанокот подетално беа објаснети пријавите за замена на дозволите, програмските концепти за телевизиски програмски сервис, за радио програмски сервис и за непрофитна радиодифузна установа, пресметувањето на надоместокот за дозволите за телевизиско или радио емитување.
Присутни имаа можност за прашања и коментари, а искажаните ставови и мислења, како и ставот на Агенцијата по однос на истите ќе бидат објавени на веб страницата на Агенцијата во рок од седум дена од денот на одржувањето на јавниот состанок.
Презентациите од состанокот може да ги преземете на следниве линкови:
– Пример за РА – Говорно -музичко радио со претежно информативен општ формат
– Пример за РА – Музичко – говорно радио од општ формат