Скопје, 16.12.2014г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, изврши програмски надзор во програмските пакети на оние оператори на јавни електронски комуникациски мрежи кои го реемитуваат програмскиот сервис Минимкас при што беше констатирано дека програмскиот сервис Минимкас е реемитуван спротивно на склучените договори, односно програмската содржина на овој програмски сервис не е реемитувана во согласност со лиценцата за вршење на радиодифузна дејност за наведениот програмски сервис.
Имајќи го во предвид наведеното, Агенцијата им наложува на оние оператори кои го реемитуваат програмскиот сервис Минимакс веднаш да гo исклучат од своите програмски пакети. Агенцијата ќе врши мониторинг во однос на почитување на издадениот налог за исклучување и доколку констатира дека не се постапува по истиот, согласно своите законски надлежности, ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка.