План за популаризирање на правото на одговор и исправка

Правото на одговор и исправка е механизам преку кој граѓаните и правните субјекти можат да повикаат на одговорност на медиумите во случаите кога тие, случајно или намерно, ќе објават неточна информација или ќе повредат нечии права и интереси. Воедно, користењето на правото на одговор и исправка, претставува еден од начините да се намалат судските постапки за клевета и навреда, со што ќе се избегне покренувањето на судски механизми и ќе се намали трошењето на ресурси, финансиски и други средства на државата и на инволвираните субјекти.

За популаризирање на правото на одговор и исправка, Агенцијата, во рамките на подготвувањето на поширока програма за промоција на медиумската писменост изработи План, со кој се предвидуваат активности насочени кон граѓаните, правните субјекти и давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои се во надлежност на регулаторното тело. Целта на Планот е да се подигне свеста кај граѓаните и правните лица за можноста да исправат неточна информација, како и да ги заштитат својата чест и углед користејќи го механизмот кој им го дава Законот за медиуми, како и давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги подобро да се запознаат со нивните обврски и права при објавување одговор и исправка.



Accessibility

Accessibility