Јавна расправа за Нацрт – програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост

Скопје, 30.04.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвора јавна расправа за текстот на Нацрт – програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост.

Оваа програма е дел од реализирањето на активностите предвидени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (член 26) и со Стратегијата за развој на радиодифузната дејност 2013-2017. Во нејзината подготовка се вклучени експертки ангажирани преку ИПА проект финансиран од Европската комисија.

Ве покануваме, со свои мислења и ставови во писмена форма, да учествувате во јавната расправа која трае до 15 јуни 2015 година.



Accessibility

Accessibility