Работилница за Исполнување на законската обврска за европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти преку давателите на услуги по барање

Скопје, 06.05.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамките на проектот IPA TAIB 2009 за „Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“, петок (8 мај, 2015 година),
ќе организира работилница со претставниците на давателот на услуга по барање, на тема: Исполнување на законската обврска за европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти преку давателите на услуги по барање.

На настанот ќе се говори за Европски аудиовизуелни дела – филозофијата зад обврската: потекло, мотивација и барањето за дела од независни продуценти и начините за примена на обврските за Европски аудиовизуелни дела на аудиовизуелните медиумски услуги по барање. Презентер на работилницата ќе биде Марк Џансен, виш експерт (ИПА ТАИБ 2009).

Настанот ќе се одржи во Салата за состаноци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со почеток во 10.00 часот.

Програмата за работилниците може да ја преземете тука.



Accessibility

Accessibility