На Вториот јавен состанок Агенцијата ги презентираше активностите реализирани во изминатото тромесечје

Скопје, 16.06.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа Вториот јавен состанок за 2015 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа на АВМУ говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој на почетокот од состанокот истакна:

– Нашата тенденција за транспарентност и отчетност во работењето постојано ја надградуваме, во таа насока е и презентирањето на обемниот сублимат од реализирани тримесечни активности.

Детално беа образложени спроведените надзори, како и изречените мерки за опомена кај радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и печатените медиуми. Се потенцираа и актите произлезени од усогласувањето на домашната со европската легислатива, доделувањето на нови дозволи за ТВ емитување од кои две на државно и три на регионално ниво, престанокот на вршење на дејноста – пренос и реемитување на радио и телевизиски програмски сервиси кајтри оператори на јавни електронски комуникациски мрежи, како и активностите од имплементација на Стратегијата за развој на радиодифузна дејност во РМ 2013-2017.

За имплементацијата на проектот ИПА ТАИБ 2009, финансиран од Европската унија, и посветен на „Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“, се обрати Огнен Неделковски, Раководител на одделението за културен идентитет и раководител на овој проект, кој го образложи сублиматот од реализирани активности во рамки на проектот.

На крајот од состанокот, Директорот Трајчевски посочи дека Агенцијата е отворена за соработка и ги повика сите радиодифузери, печатени медиуми и оператори на јавни електронски комуникациски мрежи, како и останатите засегнати страни, да дадат свои мислења или предлози на теми, кои би се презентирале на следните јавени состаноци, а се од интерес на целата јавност.



Accessibility

Accessibility