Скопје, 18.12.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува сите медиуми дека во недела, 20 декември 2015 година, во 00:00 часот, настапува забрана за емитување платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, во печатените медиуми и во електронските медиуми (интернет портали).
Забраната е пропишана во член 82 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/15) и важи до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.