Агенцијата им изрече мерки – опомена на РА ЗОНА М-1, РА УРБАН ФМ, РА Роса – АБ, РА Арачина и РА КЛУБ ФМ

Скопје, 04.01.2016- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во согласност со Годишниот план за вршење надзор, спроведе редовен надзор врз работата на РАДИО ЗОНА М-1 ДООЕЛ Скопје, УРБАН ФМ РАДИО ДООЕЛ, Радио Арачина ДООЕЛ Арачиново, Радио Роса – АБ ДООЕЛ Скопје и Радио КЛУБ ФМ ДОО Скопје

Агенцијата им изрече мерка опомена на Радио КЛУБ ФМ ДОО Скопје, УРБАН ФМ РАДИО ДООЕЛ и РАДИО ЗОНА М-1 ДООЕЛ Скопје, заради необезбедување најмалку 40% од емитуваната музика во текот на денот да биде вокална и/или вокално-инструментална музика на македонски јазик и/или инструментална музика од македонски автори, додека на Радио КЛУБ ФМ ДОО Скопје, Радио Арачина ДООЕЛ Арачиново и Радио Роса – АБ ДООЕЛ Скопје им изрече мерка – опомена поради необезбедување на информации достапни за корисниците. За необјавување на податоците што е должен да ги емитува на соодветното место за секоја содржина од програмскиот сервис Агенцијата му изрече мерка опомена на Радио Роса – АБ ДООЕЛ Скопје.

Изречените мерки може да се преземат на следните линкови:

Радио КЛУБ ФМ – (член 92 став 15 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги)

Радио КЛУБ ФМ – (член 51 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услгуи)

Радио УРБАН ФМ – (член 92 став 15 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги)

Радио ЗОНА М-1 -(член 92 став 15 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги)

Радио Арачина – (член 51 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги)

Радио Роса – АБ – (член 51 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услгуи)

Радио Роса – АБ – (член 12 од Законот за медиуми)



Accessibility

Accessibility