1

Медиумите да ги почитуваат професионалните стандарди

Скопје, 05.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува медиумите да покажат професионална одговорност и да ја извршуваат својата работа придржувајќи се до највисоките стандарди и принципи на новинарството.Во овој чувствителен момент за македонското општество, Агенцијата потсетува дека медиумите треба да известуваат објективно и непристрасно при што еднакво ќе ги третираат различните гледишта и мислења со што ќе и овозможуваат на јавноста слободно да оформи сопствено мислење за одделни настани и прашања. Притоа, новинарите треба да прават јасна разлика меѓу фактите и коментарите постојано водејќи сметка дека фактите се неприкосновени, а новинарскиот коментар – освен што е слободен, мора да биде и вистинит.