Говор на омраза на Канал 5 Телевизија

image_pdfimage_print

Скопје, 09.03.2016г. – Агенцијата, со вонреден надзор на неколку по ред изданија на емисијата „Миленко Неделковски шоу“, констатираше дека ТВ Канал 5 го прекрши член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со тоа што последователно носи уреднички одлуки да му овозможи на авторот на емисијата да поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на сексуална ориентација.

Со оглед на фактот дека во Законот не е предвидена мерка за прекршување на член 48, Агенцијата на ТВ Канал 5 му укажа да престане со ваквата практика, а Извештајот од надзорот и снимките од емисиите од 15, 22, 29 јануари, 5 и 12 февруари 2016г. ги достави до Комисијата за заштита од дискриминација, со барање за постапување согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација и Протоколот за утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, од ноември 2015 година.

Извештајот може да го преземете на следниот линк:

ТВ КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје – (член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги)



Accessibility

Accessibility