Радиодифузерите треба да достават годишен извештај за исполнување на обврските од дозволата за радио или ТВ емитување

Скопје, 15.03.2016 година – Законот за медиуми (член 15 став 5) ги обврзува медиумите најдоцна до 31 март во тековната година, до регулаторот да достават писмен извештај за спроведување на обврските од дозволата за радио или телевизиско емитување, а особено за спроведувањето на програмскиот концепт. Во прилог на извештајот се доставува и информација за техничките средства за емитување или реемитување на програмските сервиси во Република Македонија или надвор од неа.

Извештајот се доставува на образец (за телевизија или за радио) пропишан од Агенцијата.

– Образец на извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио емитување;

– Образец на извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за телевизиско емитување.



Accessibility

Accessibility