ОБИД ЗА ПРИТИСОК ВРЗ АГЕНЦИЈАТА ОД СТРАНА НА ТВ КАНАЛ 5

Скопје, 18.03.2016г. – ТВ Канал 5 писмено одговори на Извештајот на Агенцијата во кој се констатира дека со содржините од неколку изданија на емисијата „Миленко Неделковски шоу“, Телевизијата ја прекрши забраната за говор на омраза од член 48 на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во својот допис, ТВ Канал 5, освен што покажува непознавање на медиумската регулатива, се обидува да изврши притисок врз регулаторното тело да не го спроведува Законот. Текстовите, и на дописот од ТВ Канал 5 и на одговорот од Агенцијата, следат во прилог.

Агенцијата својата работа ја врши професионално и ќе продолжи да инсистира радиодифузерите во целост да го почитуваат Законот, иако новинарските принципи и стандарди се прашање на саморегулација, а за член 48 не е предвидена прекршочна санкција.

– Одговорот на Агенцијата на дописот на ТВ Канал 5 може да се преземе на следниот линк

– Дописот на ТВ Канал 5 до Агенцијата може да се преземе на следниот линк



Accessibility

Accessibility