ПРОДОЛЖУВААТ ОБИДИТЕ ЗА ПРИТИСОК ВРЗ АГЕНЦИЈАТА

Скопје, 18.04.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро реагира на обидите за манипулација и извртување на вистината со тврдењата дека побарала да се цензурира изданието на емисијата „Миленко Неделковски шоу“, емитувано ноќта меѓу 15 и 16 април 2016 година.

Потенцираме дека регулаторното тело никогаш не ги проверува програмите на радиодифузерите пред да бидат емитувани, туку секогаш отпосле, откако публиката веќе ги гледала. Оттаму, тврдењето, објавено во печатени медиуми, медиуми базирани на интернет и на социјалните мрежи дека емисијата била цензурирана – е целосно беспредметно. Уредувачка одговорност за тоа што ќе се емитува на програмите на радиодифузерите имаат тие, и одлуката да се употреби високофреквентен тон врз делови од кажаното во „Миленко Неделковски шоу“ ја има донесено ТВ Канал 5.

Неоснованите тврдења, како ова за наводна цензура, која е забранета со Уставот на Република Македонија, се продолжување на безуспешните обиди да се изврши притисок врз Агенцијата од оние субјекти кои немаат почитување за професионалните стандарди и законите во медиумската сфера.



Accessibility

Accessibility