Осуда на нападот на Телевизија Сител

Скопје, 07.05.2016 година – Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува нападот на Телевизија Сител, којшто се случи вчеравечер,од страна на учесници во таканаречената „Шарена револуција“.

Правото на протест е уставно загарантирано, но исто така, основен предуслов за демократско општество е правото на слобода на прием и пренесување информации. Ова претставува директен атак врз слободата на медиумите, кој е уште еден во низата од почетокот на овие протести.

Ниту едно несогласување или различно гледиште не можат да бидат оправдување за напад. Затоа уште еднаш апелираме, да не се попречува работата на медиумите и медиумските професионалци.



Accessibility

Accessibility