Отворена Јавна расправа за Нацрт-Правилникот за утврдување на локациите до кои ОЈЕКМ кои реемитуваат програмски сервиси и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се должни да го испорачаат својот сигнал

Скопје, 28.04.2016 год. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори јавнa расправa за текстот на НАЦРТ-ПРАВИЛНИК ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИТЕ ДО КОИ ОПЕРАТОРИТЕ НА ЈАВНИ ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖИ КОИ РЕЕМИТУВААТ ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ И ДАВАТЕЛИТЕ НА АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ПО БАРАЊЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ГО ИСПОРАЧААТ СВОЈОТ СИГНАЛ.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа која трае до 27 мај 2016 година. Мислењата и предлозите може да се доставуваат по електронски пат на irena.bojadzievska@avmu.mk и argjend.xhelili@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.



Accessibility

Accessibility