Радиодифузерите да достават снимки од објавувањето на ценовниците за ППР

Скопје, 06.05.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува сите радиодифузери што доставија ценовници за платено политичко рекламирање, дека согласно одредбите од член 75-ѓ точка 4 од Изборниот законик, се должни до почетокот на изборната кампања, којашто според усвоениот Роковник на Државната изборна комисија започнува на 16 мај 2016 година, најмалку два пати јавно, на нивната програма, да ги објават усвоените ценовници за платено политичко рекламирање.

Објавувањето на ценовниците треба да биде направено заклучно со 15 мај 2016 година, а кратки снимки од објавите треба да се достават до Агенцијата – лично во архивата на Агенцијата, по пошта или електронски на следнава адреса: contact@avmu.mk.



Accessibility

Accessibility