ТРИ ПРЕКРШОЧНИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ИЗБОРНО МЕДИУМСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ

Скопје, 13 мај 2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во вториот извештај од мониторингот на медиумското претставување во вестите по распишувањето на изборите, за периодот од 25 април до 4 мај 2016 година, констатира дека ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Сител, известуваат за активностите на органите на власта во функција на изборно медиумско претставување на ВМРО ДПМНЕ. За констатираните прекршувања се покренати прекршочни постапки.

Агенцијата предупредува дека продолжува непочитувањето на професионалните стандарди и програмски начела, особено за објективно и непристрасно прикажување на настаните и еднаков третман на различни гледишта, за почитување на човечкото достоинство и за поттикнување на духот на толеранција.

Првиот извештај за интервјуата, дебатите и другите информативни програми за периодот од 15 април до 4 мај 2016 година, покажа дека во некои информативни програми има појава на најгруб говор, навреди и клевети кои се надвор од дозволените граници на демократска дебата.

Деталите за резултатите од мониторингот на вестите во вторите 10 дена по распишувањето на изборите и од мониторингот на интервјуата, дебатите и другите информативни емисии од денот на распишување на изборите до 4 мај 2016 година, се содржани во банерот Избори 2016г. и истите можат да се погледнат на следните линкови:

 Втор извештај од мониторингот на медиумското претставување во вестите во периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања 25 април – 4 мај 2016 година.

– Прв извештај од мониторингот на интервјуата, дебатите и другите информативни програми во период од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања 15 април – 4 мај 2016 година

– Преглед на информативна програма во период од 15.04.2016 до 04.05.2016г.

– Преглед на интервјуа во период од 15.04.2016 до 04.05.2016г.

– Преглед на дебати во период од 15.04.2016 до 04.05.2016г. 



Accessibility

Accessibility