Скопје, 31.05.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изработи Нацрт-Правилник за утврдување на локациите до кои ОЈЕКМ кои реемитуваат програмски сервиси и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се должни да го испорачаат својот сигнал,
по кој беше отворена јавна расправа. Сите заинтересирани страни можеа да доставуваат мислења и предлози во писмена форма до 27 мај 2016 година.
За да обезбеди целосна транспарентност на процесот и со цел да се дискутира за начините на кои ќе се испорачува сигналот, Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни на состанок кој ќе се одржи на ден 02.06.2016 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На состанокот ќе присуствуваат и претставници од компанијата Ассеко СЕЕ ДООЕЛ Скопје која ја обезбедува опремата што ќе овозможи дистрибуција на испорачаниот сигнал до системот за програмски надзор на Агенцијата.