1

Покрената прекршочна постапка против ТВ Сител

Скопје, 14.06.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз ТРД Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје, со цел да провери дали овој радиодифузер постапил по Решението за преземање на мерка-
опомена, изречено поради прекршување на член 50 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членовите 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица.

Со надзорот е констатирано дека ТРД Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје и покрај укажаното Решението за преземање на мерка-опомена, донесено на 28 март 2016 година, не ја отстранил повредата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради што против овој радиодифузер е поведена прекршочна постапка.

Извештајот од контролниот програмски надзор може да се преземе на следниот линк:

ТВ СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје