Именувани четири члена на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување

Скопје, 09.08.2016 година – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз основа на член 196-д, став 2 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој влезе во сила на 1 август 2016 година,  денес именуваше четири члена на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување.

Именувани членови по предлог на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се Слаѓана Димишкова Претседател на новинарската асоцијација МАН, долгогодишен новинар и уредник во дневниот весник Вест и Цветин Чилиманов долгогодишен новинар, дописник, колумнист и аналитичар. По предлог на политичката партија СДСМ именувани се Љубомир Костовски, новинар и уредник на on line изданието Глобус и Горан Трпеновски, новинар и уредник на политичката рубрика во дневниот весник Вест.

Петтиот член на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе го именува по претходен предлог усвоен со консензус од четирите члена, во рок од 15 дена од нивното именување, односно најдоцна до 23 август.

Мандатот на Привремената комисија трае до завршување на изборниот процес на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во 2016 година.

Одлуката за именување на членовите на Привремената комисија за следење на медиумското претставување е достапна на следниот линк



Accessibility

Accessibility