Усвоена Нацрт-методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување

Скопје, 17.08.2016 година – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница ја усвои Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, и истата е достапна на следниот линк.

Со цел да се обезбеди максимална транспарентност на процесот на усвојување на документот во финална верзија, како и да се даде можност на сите релевантни субјекти дасе вклучат во јавната расправа и преку отворена дебата да дадат свој придонес, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 23 август 2016 година, во 12 часот ќе организира состанок на кој ќе ја презентира Нацрт-методологијата.

Агенцијата упати повик до сите радиодифузери, политички партии, здруженија на новинари да земат активно учество на овој состанок и да ги искажат своите предлози, мислења и ставови, поврзани со текстот на Нацрт-методологијата.



Accessibility

Accessibility