Одржани работни состаноци со националните радиодифузери за правилата за изборно медиумско претставување

 Скопје, 02.09.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа работни состаноци со националните радиодифузери во Република Македонија, како и со Јавниот радиодифузен сервис. Целта беше ТВ и радио програмските сервиси да се информираат и уште еднаш да се потсетат на правилата за изборно медиумско претставување.

Претставниците на медиумите имаа можност да се потсетат на обврските кои произлегуваат за нив од Изборниот законик, како и обврските кои се новитет и произлегуваат од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Се дискутираше и за Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските сервиси за време на изборните процеси, согласно која Агенцијата ќе го реализира мониторингот на медиумското изборно претставување, истата која се применува неколку изборни циклуси наназад.

На медиумските работници подетално им беа објаснети целите и предметот на мониторингот, различните обврски што радиодифузерите ги имаат во периодите пред распишувањето на изборите, од распишувањето на изборите, период на изборна кампања, и за време на изборниот молк, како и начините на кои тие се мониторираат. Една од специфичностите на овој изборен процес е тоа што мониторингот на изборното медиумско претставување почнува да важи 100 дена пред денот на одржување на изборите, кои ќе се одржат во 2016 година.

Презентацијата од работните состаноци за методологијата за изборно медиумско претставување може да се погледне на следниот линк



Accessibility

Accessibility