Претставникот на НАТО Лори Вокер, во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Скопје, 05.10.2016г. – Надлежниот претставник од службите на НАТО за досието на Република Македонија г-дин Лори Вокер, заедно со МАП тимот на НАТО на експертско ниво,
денес беше во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Посетата е во насока на проценка на степенот на реализација на активностите и целите презентирани во Годишната национална програма за членство на Република Македонија во НАТО, за 2015-2016 година.

На состанокот главните прашања од интерес за г. Вокер, покрај оперативните активности на Агенцијата, се однесуваа на изборното законодавство во овие 100 дена, односно за улогата на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, релацијата помеѓу Советот на Агенцијата и Привремената комисија, начинот на одлучување на Привремената комисија, како и причините поради кои се опоменати одредени медиуми согласно десетдневните извештаи од мониторингот.

Oд страна на Агенцијата, покрај одговорот на сите посочени прашања, беше подетално образложен и начинот на мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските сервиси кој го врши Агенцијата.



Accessibility

Accessibility