Скопје, 26.07.2017г. – Телевизија Канал Вис од Струмица, ја извести Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги дека нивната новинарската екипа која ја следела вчерашната седница на Советот на Општина Ново Село,
не само што била попречена да ја извршува својата професионална обврска туку била изложена и на вербални напади.
Агенцијата како и повеќепати досега, ги осудува сите форми на притисок и навреди врз новинарите и медиумските работници и повторно повикува да се почитува како достоинството на новинарската професија така и личното достоинство на медиумските професионалци. Воедно, Агенцијата потсетува дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумите е неопходен предуслов за функционирањето и развојот на едно демократко општество.