Извршен вонреден надзор врз радио РФМ

Скопје, 26.07.2017г. –  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по добиена претставка, изврши вонреден административен надзор врз регионалното радио РФМ Скопје, со цел да утврди дали оваа радиостаница употребува знак за идентификација,
различен од утврдениот во дозволата за вршење радиодифузна дејност.

Агенцијата констатираше дека знакот за идентификација на радиото РФМ, е поинаков од оној што е утврден во дозволата за вршење радиодифузна дејност, а за промената на истиот Агенцијата не е известена.

Извештајот од спроведениот надзор може да се преземе на следниот линк



Accessibility

Accessibility