Извршен вонреден надзор врз кабелскиот оператор МУЛТИМЕДИЈА – НЕТ

image_pdfimage_print

Скопје, 27.07.2017г. – Врз кабелскиот оператор МУЛТИМЕДИЈА – НЕТ ДОО Скопје, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден програмски надзор за неколку законски обврски – реемитување на програмски сервиси со порнографија само во кодиран облик, титлување на македонски или на јазикот на заедницата која не е мнозинство во РМ,
регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и реемитување на програмски сервиси само во сервисната зона за која радиодифузерите ја имаат добиено дозволата за обезбедување на ТВ или радио емитување.

Агенцијата утврди дека кабелскиот оператор за своите корисници ги реемитувал програмските сервии Cartoon Network и Boomerang, кои не се опфатени со потврдите за регистрација на програмски сервиси издадени од Агенцијата.

Извештајот од спроведениот надзор може да се преземе на линкот: МУЛТИМЕДИЈА – НЕТ ДОО Скопје 



Accessibility

Accessibility