Агенцијата изрече мерка-опомена на радио РФМ

image_pdfimage_print

Скопје, 31.07.2017г.  – Врз основа на извршениот вонреден надзор врз регионалното радио РФМ Скопје и утврденото непочитување на законските одредби, Агенцијата на овој радиодифузер му изрече мерка-опомена.
При надзорот, Агенцијата констатираше дека знакот за идентификација на радиото РФМ, е поинаков од оној што е утврден во дозволата за вршење радиодифузна дејност, а за промената на истиот Агенцијата не е известена.

На регионалното радио РФМ Скопје, му е наложено во рок од 15 дена од денот на приемот на овa решение, да го усогласи своето работење со одредбите од ЗААВМУ.

Изречената мерка може да се преземе на следниот линк



Accessibility

Accessibility