Скопје, 21.08.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изработи Анализа на поведените прекршочни постапки против радиодифузерите за време на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија
во 2016 година, за сторени повреди на одредбите од Изборниот законик. Целта на Анализата е согледување на резултатите од поведените прекршочни постапки, идентификување на факторите кои влијаеја на донесените судски одлуки во овие постапки, како и давање препораки со цел подобрување на изборната регулатива.
Во Анализата се опфатени прекршочните постапки поведени за време на Предвремените парламентарни избори планирани да се одржат на 24 април 2016г. (кои не се одржаа), како и прекршочните постапки поведени за време на Предвремените парламентарни избори, кои се одржаа на 11 декември 2016г.
Анализата на поведените прекршочни постапки против радиодифузерите за време на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија во 2016 година е достапна на следниот линк