Објавен првиот Извештај од мониторингот на медиумското известување за Локалните избори 2017

Скопје, 22.08.2017г. – Првиот десетдневен извештај од медиумското известување за Локалните избори 2017 на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги покажува дека радиодифузерите, во вестите,
генерално ги почитуваат професионалните новинарски стандарди. Кај повеќето медиуми забележливо е настојување да обезбедат повеќе разновидни ставови за прашањата и темите кои се обработуваат. Исклучок се мал број медиуми, кај кои може да се забележи тенденција да пренесуваат ставови на субјекти кои споделуваат иста позиција по одредени теми.

Мониторингот е извршен во периодот од 7 до 16 август 2017 година врз вкупната програма на телевизиските и радио програмските сервиси на државно ниво при што фокусот е ставен врз известувањето во една дневно-информативна емисија емитувана во ударното време. Во Изборниот законик не се утврдени конкретни правила за начинот на известување во вестите за периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања. Оттаму, предмет на мониторинг во периодот пред почетокот на изборната кампања е почитувањето на професионалните стандарди и принципи за вршење на дејноста и забраната да се известува за активностите на власта во функција на изборно медиумско претставување.

Клучните наоди и поединечните извештаи за програмските сервиси кои беа предмет на мониторинг се содржани во Локални избори 2017: Извештај од медиумското известување за периодот од 7 до 16 август 2017,  достапен на следниот линк



Accessibility

Accessibility