Мониторинг над изборното медиумско претставување на ТВ Алсат – М и ТВ Нова

image_pdfimage_print

Скопје, 03.10.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при мониторинг над изборното медиумско претставување за време на изборната кампања за локалните избори 2017 година, кај ТВ Алсат – М и ТВ Нова, констатираше надминување на лимитот за платено политичко рекламирање.

Надзорот врз ТВ Алсат – М, кој се однесува на периодот 26 и 28 септември 2017 година, покажа дека на еден реален час емитувана програма, одвоено е повеќе од 1 минута платено политичко рекламирање за политичките партии во Собранието на РМ што немаат пратеничка група.

Со надзорот пак врз Телевизија Нова, кој се однесува на периодот 28 септември и 1 октомври 2017 година, се утврди дека на еден реален час емитувана програма, одвоено е повеќе од 8 минути платено политичко рекламирање за политичките парти во опозиција.

Извештаите можат да се преземат на следните линкови:

ТВ Алсат-М – член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик – 03.10.2017

ТВ Нова  – член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик – 03.10.2017



Accessibility

Accessibility