Одржан првиот јавен состанок за 2018 година

Скопје, 28.03.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за 2018 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој ги презентираше реализираните активности во изминатото тромесечие – надзорите врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и издавачите на печатени медиуми; изречените мерки; изработените истражувања, активностите на полето на меѓународна соработка и други активности.

На состанокот беа промовирани и публикациите кои ги издаде Агенцијата, а се однесуваат на родовите прашања во ТВ програмите. Трите Збирни публикации со годишни истражувања кои говорат за присуството и претставувањето на родовите во програмите на националните телевизии во период од 2012-2016 година, се издадени на македонски, албански и англиски јазик. Збирните публикации содржат пет истражувања и една мета-анализа која ги покажува трендовите во поглед на родот и медиумите. На настанот беше промовирана и публикацијата за родот во телевизиските програми во 2017 година, која се состои од две анализи од кои едната покажува дали, колку и на каков начин се присутни родовите прашања, а другата ја дава сликата за начинот на кој се претставени и прикажани родовите во програмите. Анализите во оваа публикација, исто така, се на македонски, албански и англиски јазик. 

Присутните имаа можност да ги проследат и наодите од истражувањето на мислењето на публиката за радио и ТВ програмите во Република Македонија, спроведено во периодот ноември – декември 2017 година. Истражувањето содржи податоци за ставовите на публиката за застапеноста и квалитетот на одделни програмски содржини на програмските сервиси на домашните телевизиски и радиостаници, степенот на задоволство со програмската понуда, начинот на којшто публиката ги користи медиумите, најгледани/најслушани програмски содржини. Истражувањето нуди податоци и за учеството и претставувањето на младите во медиумите и застапеност на лицата со различна сексуална ориентација.

Презентациите од јавниoт состанок се достапни на линковите подолу:

Спроведени активности согласно Годишната програма за работа на АААВМУ

д-р Зоран Трајчевски, директор на АААВМУ

Родовите прашања и медиумите: сопственост, одлучување и известување 2012-2016 

Емилија Петреска – Камењарова, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Марина Трајкова, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Истражувањe на мислењето на публиката за радио и ТВ програмите во Република Македонија

Надежда Поп Костова, Таргет комуникации

 

 

 

 



Accessibility

Accessibility